Radio Bubamara (Радио Буба мара)

[

Чист воздух во етерот - 105,2 FM

]

Во Радио Буба мара работат 10 луѓе или двојно повеќе од оние кои се радуваат на резултатите од апликацијата „Мој воздух“. Формирана во април 1995 година, Радио Буба мара за кратко време стана една од најслушаните радио-станици во Скопје. Тајната на успехот ја знаат само сопствениците на радио-приемници, кои од 1995 година се принудени да ја слушаат и меморираат само френкфенцијата на Радио Буба мара. Другата тајна ја знае Управниот Одбор на Радио Буба мара, кој ангажираше цела армија лобисти, инспектори, пајак служби и други слободоумни фактор... See more

Skopje FM|105.2
+38923063693
Partizanski odredi 62, lamela C, mezanin, vlez 1, Skopje, Republic of Macedonia
last update
[2023-03-26 06:04:26]
Во Радио Буба мара работат 10 луѓе или двојно повеќе од оние кои се радуваат на резултатите од апликацијата „Мој воздух“.

Формирана во април 1995 година, Радио Буба мара за кратко време стана една од најслушаните радио-станици во Скопје. Тајната на успехот ја знаат само сопствениците на радио-приемници, кои од 1995 година се принудени да ја слушаат и меморираат само френкфенцијата на Радио Буба мара. Другата тајна ја знае Управниот Одбор на Радио Буба мара, кој ангажираше цела армија лобисти, инспектори, пајак служби и други слободоумни фактори да ги притиснат граѓаните до трето колено да ја меморираат единствено фрекфенцијата 105,2 ФМ.

Граѓаните со мал отпор го прифаќаа овој притисок кој, за разлика од другите секојдневни (политички, економски и крвни) притисоци, го сметаа за задоволство, а ретките исклучоци кои не се согласуваа да слушаат Буба мара, експресно и во голем број беа испраќани на работа или студирање во странство од каде беа принудени да не слушаат преку интернет со цел да ја формираат нашата таргет-група од 400.000 интернет слушатели.

Сепак, и покрај тоа, Радио Буба мара по многу нешта е посебна, искрена и единствена, особено за сите кои можат да препознаат чист воздух во етерот, фин хумор и сатира и музика за добро расположение, па со задоволство сме препорачани пред нашите, огласувачи и маркетинг агенции.
© LogFM.com, 2009-2024 (2024-05-15,09:39:03)