Radio Fortuna (Радио фортуна)

[

Listen Live

]

Радио Фортуна е лоциранo во деловната зграда на Кјуби – Македонија, сместена во строгиот центар на Скопје. Располагаме со простории од околу 100м2 функционално уредени за потребите на една радио станица. Линковски поврзани до предавателниот столб лоциран на средно Водно. Од таму на предавална фрекфенција од 96,8 Mhz се покрива целосно градот Скопје како и околниот регион преполн со населени места и туристички локации. Во случај на испад на предавателниот систем на средно Водно од било кои причини, автоматски се вклучува резервен предавателен си... See more

Skopje FM|96.8
+38923215400
Ул„11 Октомври“ бр.25 1000 Скопје
Радио Фортуна е лоциранo во деловната зграда на Кјуби – Македонија, сместена во строгиот центар на Скопје. Располагаме со простории од околу 100м2 функционално уредени за потребите на една радио станица. Линковски поврзани до предавателниот столб лоциран на средно Водно. Од таму на предавална фрекфенција од 96,8 Mhz се покрива целосно градот Скопје како и околниот регион преполн со населени места и туристички локации. Во случај на испад на предавателниот систем на средно Водно од било кои причини, автоматски се вклучува резервен предавателен систем лоциран на врвот од деловната зграда на Кјуби, која воедно е и највисоката зграда во реонот. Со ова се губи само 20% од територијата која се покрива со главниот предавателен систем со што се обезбедува непрекинат извор на сигнал кој е итекако потребен за коректно извршување на обврските кон коминтентите како и верните слушатели на Радио Фортуна.

Инаку Радио Фортуна прв пат пушти сигнал во етерот на Скопје во декември 1993 година, веднаш по неколкуте радио станици кои се отворија во тој период меѓу кои беа Студенско радио, Радио Мега, Радио Уно и старото Скај радио. За жал сите овие радија се сега веќе згаснати, со што Радио Фортуна сега е најстарото радио што сеуште работи на територијата на Скопје, и второ радио по години на територијата на цела Република Македонија! Старата фрекфенција беше 95,1 Mhz но по донесувањето на законот за радиодифузија и стартирањето на концесискиот принцип на работа, во 1998 година за да се усогласи со новиот закон, Радио Фортуна ја промени фрекфенцијата на 96,8 Мhz која стана препознатлив бренд во македонскиот етер. По доаѓањето на интернетот и првите интернет провајдери, се склучи договор за онлајн стриминг на програмот на Радио Фортуна преку интернет, по што беше покриен и оној сегмент – дијаспората, кој беше многу битен за проширување на македонската култура и овдешните прилики на македонците ширум светот. Ова го искористија и кабелските оператори ширум републиката кои вака емитуваниот програм го пуштаа во своите кабловски мрежи, нудејки им на своите корисници бренд кој не им беше достапен дотогаш! Денес, Радио Фортуна соработува со водечкиот интернет провајдер „Он-Нет“ и преку него го дистрибуира сигналот ширум цел свет. Па така сега редовно стигнуваат мејлови од сите страни на светот!

Програмски, Радио Фортуна преку својот внимателно избран и усогласен тим презентира претежно македоска поп и рок музика, но тука се и неизоставните нумери од екс-ју просторите а посебно застапена е хрватската поп и рок музика која е доста блиска до нашата. На програмскиот дел посебно се пази и се цензурира се со цел да се одржи нивото на култура на слушателите на едно завидно ниво. Програмскиот дел е составен од емисии кои се распоредени преку целиот работен ден, ноќните саати како и викенд програмата која има посебен акцент на ударна и забавна нота. Преку ова се создадоа брендовите на „Женски Муабети“, „Викенд ФМ“ „Мак-Топ8“, „Стерео Љубов“, „Утринско радио возење“, „Скопје на дланка“ и многу многу други кои станаа предмет на борба помеѓу спонзорите бидејќи се многу слушани и барани! Исто така Радио Фортуна, како продукциска куќа досега има изработено голем број на емисии спонзорирани од Советот на Радио Дифузија, за други коминтенти како и за сопствени потреби.

Гледајки од техничка страна, Радио Фортуна ги следи најновите трендови во светските рамки, константно пратејќи ги новите технологии и побарувања. На располагање се две студија од кои едното е мобилно, а другото служи за секојдневни употреби во кои спаѓаат како броадкастингот така и тонското студио за снимање на реклами и џинглови. Ова студио е фиксно, обезбедено со глува комора изработена според сите стандарди и атестирана од страна на агенцијата за електронски комуникации која е задолжена за издавање на употребни дозволи за студијата во кои се врши емитување на програм во живо. Комуникацијата со публиката е овозможена преку мејлови, СМС боксови на Мобимак и Космофон ( СМС боксот на космофон беше првенствено изработен за и тестиран од Радио Фортуна), како и директно преку телефонски хибриди за вклучување во живо. Излезниот степен се состои од дигитален процесор кој служи за целосна подготовка на сигналот по сите стандарди за броадкастинг, со вградени компресори, 7 банд еквилајзери, стерео експандери, филтри и вокал процесори за перфектен звук. Исто така Радио Фортуна емитува и динамички РДС сигнал со кој дополнително се анимираат слушателите. Второто мобилно студио ги има сите елементи кои ги има и фиксното студио само што се во покомпактна форма погодни за транспорт. Со мобилното студио Радио Фортуна емитуваше програма во живо директно од Веро за Нова година 2006 како и од „Аутоекспо 2006“ во кои Фортуна Радио беше покането да ја покрива целата манифестација и беше сместено помеѓу трите светски автомобилски бренда на „MERCEDES“ „BMW„ и „PEUGEOT“.

На крај, Радио Фортуна е препознатлив бренд кој според истражувањата на европската агенција за истраживање на слушаност „Strategic Marketing“ прединачи пред другите локални радиостаници и опстојува на второ место на регионот на Скопје веќе четири години без прекин. Иднината ја гледаме во проширување на територијата која ја покриваме на национално ниво како и емитување на квалитетна сателитска програма. Нашата основна цел е анимирање на публиката се со цел да се разбие дневното сивило и монотонија, како и презентирање на свежи вести, занимливи информации и пред се ДОБРА МУЗИКА!
© LogFM.com, 2009-2024 (2024-12-27,03:31:46)
Радио отдых