Radio Ohrid (Радио охрид)
0
Condividere
0
0
[
Ascolta dal vivo
]Во 1957 година на иницијатива на тогашното Собрание на општина Охрид се "роди " Радио Охрид. За роденден на нашата информативна куќа се смета 7 ноември. Во етерот од тоа време се до денеска, секој почеток на програмата е со авизото: "Билјана платно белеше". Радио Охрид е основоположник на новинарството во градов и урнек по кој многу подоцна се формираа нови електронски медиуми во градов и регионот. Како и секоја друга институција, така и нашата во својот полувековен од бележи подеми и падови. Благодарение на преголемиот ентузијазам и љубов на в... Vedi altro
Ohrid FM|89.0
+38946265505
[email protected]
ул. Св. Климент Охридски бр.2 6000 Охрид
http://www.radioohrid.com.mk
Visualizzazioni:
2Stazioni radio consigliate:
Во 1957 година на иницијатива на тогашното Собрание на општина Охрид се "роди " Радио Охрид.
За роденден на нашата информативна куќа се смета 7 ноември. Во етерот од тоа време се до денеска, секој почеток на програмата е со авизото: "Билјана платно белеше".
Радио Охрид е основоположник на новинарството во градов и урнек по кој многу подоцна се формираа нови електронски медиуми во градов и регионот.
Како и секоја друга институција, така и нашата во својот полувековен од бележи подеми и падови.
Благодарение на преголемиот ентузијазам и љубов на вработените кон куќата и професијата Радио Охрид опстана и по трансформациските потреси.
Во годините наназад се нижеа награди и признанија за емисии и проекти кои реално го отсликуваа животот и секојдневието на охриѓани и на безбројните вљубеници во него.Од традиционалните Денови на македонското радио , секоја година Радио Охрид се враќаше со куп награди.
Во нашата колекција се и најголемите општински признанија Седмоноемвриската награда и Осмодекемвриската повелба "Свети Климент Охридски - Патронот на Охрид."
Со Законот за радиодифузија и Одлука на Советот за радиодифузија радиото беше дадено на продажба преку министерството за економија .
Од декември 2007 година сопственик на 55 проценти од капиталот е компанијата АМАК СП - Охрид.
И покрај неопходната нагласеност на маркетингот , редакцијата се труди информативната програма да биде стожер на 24 - часовната програма.
Ние сме биле и ќе бидеме на линијата на објективноста и професионалноста.
Радио Охрид - ден и ноќ со Вас !

© LogFM.com, 2009-2024 (2024-11-22,10:34:52)