Radio Bubamava (Buba mara)

[

Escuchar en vivo

]

Во Радио "Буба мара" работат 10 луѓе или двојно повеќе од оние кои се радуваат на секоја нова емисија на Боки 13. Контроверзниот Ранко Петровиќ, првиот човек на "Буба мара" со 100 проценти учество во акциоонерската книга е, на некој нацин, диктатор, т.е. многу близок, да не речеме, секогаш е на црвена линија со Кастро и Чавез. Неговиот успех започнува во социјализмот и времето на перестројката. Во раните 90-ти започна со прогресивно труење на младите, нудејќи им рок енд рол во младинското радио "Клуб 100". Наредната година го формираше Ст... Ver más

Skopje FM|105.2
+38923063693
ул.Миладин Поповиќ бр.1 локал 1,1000 Скопје
Во Радио "Буба мара" работат 10 луѓе или двојно повеќе од оние кои се радуваат на секоја нова емисија на Боки 13.

Контроверзниот Ранко Петровиќ, првиот човек на "Буба мара" со 100 проценти учество во акциоонерската книга е, на некој нацин, диктатор, т.е. многу близок, да не речеме, секогаш е на црвена линија со Кастро и Чавез.

Неговиот успех започнува во социјализмот и времето на перестројката. Во раните 90-ти започна со прогресивно труење на младите, нудејќи им рок енд рол во младинското радио "Клуб 100".

Наредната година го формираше Студентското радио, а од таму ги учеше студентите дека со 200 марки се спасуваат 2 недели читање на лошо препишани скрипти.

Откако го разедини студентското движење, патот кон големите транзициски бизниси беше отворен.

Почна добро смисленото сценарио за шверц, кршење на ембарга, поставување цариници, правење бај-пас прелази на секоја граница, оставање 100.000 луѓе без работа.

Најлесно ги спонзорираше политичките партии, кои во тоа време не знаеа што е тоа политички маркетинг, парламентарно мнозинство, ТВ-демократија и ПР (платени репортери). Политичарите имаа само една идеја, како да станат МАРКИ.

Сите работеа за еднинствената цел: да ја формираат таргет групата на Радио "Буба Мара" - 500 000 невработени во МКД, 100 богати политичари и 100 000 иселени Македонци, кои ќе ја слушаат "Буба Мара" преку интернет во САД, Канада и Австралија.

Но, сепак, тој беше и забавен човек. Во секое време се трудеше да ги анимира народните маси со по неколку скандали или акции.

Во 1999 година нареди да започне бомбардирањето на НАТО во Југославија, сé со цел да може народот да види што е тоа осиромашен ураниум и експлозија од високо интелигентно оружје. Оттогаш ни една прослава за Нова година не може да ги задоволи високите стандарди на пиротехника на плоштадите.

Неговиот слоган "Дами, господа и останати 97 отсто од населението", кој започна како виц, сега е веќе реалност.

Негова идеја е народот да користи кондоми од по 100 денари и од нив да заработува 50 денари од секој оргазам на населението.

Бидејки ја почитува старата архитектура и традицијата, учествуваше во формирањето на пирамидите и пирамидалното прекривање и пребивање со ДДВ. Тоа е, патем, македонското светско пирамидално чудо. Како таен содружник се појавува во секоја фирма која експресно се ставаше во стечај, а беше на непозната или тешко достапна адреса.

Уставните промени, демократските мнозинства и кохабитацијата под мототото "Никој со никого да не сака да се види" се само дел од неговата супспецијалност.

Кога се јавува проблем сите го бараат него, за да ги седне на маса и да им даде четврт бурек,свинско и совет како да го намалат холесторолот.

Ах, златна Македонија е само добро измонтирана негова изрека која ја казува една маестрална глумица од филмот Сенки на Милчо Манчевски.

Идеја за волку голем број кампањи со државни пари во кои се е под мотото: "Образование за сите" или "ГЛУП НАРОД СИЛНА ДРЖАВА" кои после кампањата се претопија во "ПАМЕТЕН НАРОД ТАПА ДРЖАВА".

Петровиќ има одржано и неколку предавања во Министерството за Здраство, Одбрана и Правда на тема - како познатите доктори и Судии кои до 30 години учат и инвестираат во себе да преживееат со плата од 35.000 денари, а во исто време да имаат имотен лист од над 300 000 евра.

Еднаш годишно извесниот Ранко Петровиќ ги собира широките народни маси и преку ТВ ја емитува најпознатата манифестација "Златна Буба Мара", правејќи улиците да останат празни за да можат локалните банди да ги провалат автомобилите и да постават радио-апарати со единствена фрекфенција 105,2 ФМ - се со цел да останат вклучени само и единствено на "РАДИО БУБАМАРА".

Маркетинг агенциите им забрануваат на своите креативци да разговараат со човекот кој го направи најголемитот бренд во МКД .

антикампањата и антирекламите кои маасовно ги подготвуват преку нивниот претставник Бојана 13 за да го урнат неговиот углед се само дел од транзициската кампања.

Интересно е што Во моментов на првиот човек на Радио БУБАМАРА никој не го гони за неплатен данок, тајни сметки по оф-шор фирми, местенки на Евровизија или "Златна Буба Мара", туку без никаков проблем се шета по скопскиот асфалт,бидејќи нема шанси да најде ПАРКИНГ место во урбанистичкиот хаос кој самиот го создаде,за неговата ергела од скапи "мерцедеси и јагуари"
© LogFM.com, 2009-2024 (2024-11-22,07:29:42)
Радио отдых