Language:
Listen radio online



Kanal 103


Kanal 103
Rating :10
 


Last updated:
2012-06-16 21:39:11
Country: MacedoniaListen to radio stations broadcasting from Macedonia
City: Skopje
FM (MHz): 103.0
Genre: Modern Rock
Language of broadcast: Macedonian
E-mail: contact@kanal103.com.mk
Website:  www.kanal103.com.mk
Description: Канал 103 е дефинитивно најфасцинантниот, најкомплексниот, најинтересниот и најпозитивниот медиумски феномен кој постои во Република Македонија. Своевиден силен блесок во македонската медиумска транзициска магла. Укинувањето на оваа прогресивна и влијателна радиостаница би претставувало стратегиска грешка, би предизвикало ненадоместлива штета во сферата на урбаното културно живеење и би го уништило имиџот на МРТВ меѓу младата популација

Некој сака да ја убие "Стотројка"! Упатените во состојбите велат дека укинувањето на оваа радиостаница, околу кое во МРТВ со години се слушаа шушкања, гласови, најави, е се поблиску. Но, редакцијата на Канал 103 реши да на биде нем, немоќен сведок на сопствениот крај. Во тек е општоприфатената и широко медиумски поддржаната акција "Не убивајте ја 'Стотројка'", за спасување на легендарното радио, како креација и одговор на (се уште) неофицијалните најави дека, по 12-годишно постоење, оваа исклучително влијателна , веќе култна, радиостаница ќе биде укината.

Причините зошто раководството на МРТВ се одлучило на таков потег се уште се непознати, но затоа наоколу кружат разни претпоставки и шпекулации. Укинувањето некои го гледаат едноставно како дел од општата реорганизација на МРТВ; едни сметаат дека сега е поволниот момент кога само се активира веќе одамна скроениот план; други - дека се работи за личен анимозитет и антипатија на дела од раководниот тим кон концептот на радиото. Најгласни се шпекулациите дека "Стотројка" се укинува за да се задоволат апетитите и аспирациите на албанската редакција која на тој начин би добила студио, опрема, фреквенција... Како причина се наведува и најавеното штедење, но тоа е мошне слаб аргумент ако се земе предвид дека "Стотројка" нема вработени, две третини од водителите и музичките соработници се волонтери, а останатите месечно примаат хонорари во вкупна вредност од 1000 евра ( од кои веднаш би се откажале заради опстанок на радиото).

Иако создадена во рамките на државна институција, концептот според кој функционира Канал 103 е сличен на оној на слободните, независни и некомерцијални радиостаници од Западна Европа. Но, во случајот на "Стотројка" се работи за нешто многу повеќе од радио кое емитува музичка програма. Канал 103 со години беше ( и се уште е) исклучително значаен за голем број генерации бидејќи е најголемиот и најискрен афирматор на новата, модерна култура на живеење, како и на прогресивните животни текови, принципи и вредности; атрактивен промотер (единствен во државата) речиси на сите квалитетни и релевантни музички стилови; демистификатор на голем број (малограѓански) предрасуди и табу-теми; презентер и толкувач и на најавангардните и најмистични (суп)културни феномени...

Канал 103 со текот на годините се разви во чуден медиумски израсток на гигантскиот бирократизиран мастодонт наречен МРТВ. Во периодот 1994-96 година, најблиску до вистината беа констатациите дека "Стотројка" иако "де јуре" е дел од МРТВ, "де факто" функционира како вистински независен медиум. Токму ваквата специфична позиција и ги овозможи на радиостаницата потребните услови за да се развие во автентична и исклучително нетипична институција која почна да промовира некои нови вредности и принципи на работење во македонскиот етер. Канал 103 отсекогаш бегал од стереотипноста, конвенционалноста, рутината, површноста - особини кои доминираат кај многу наши радиостаници. Огромен е списокот на нешта кои " Стотројка" авангардно и визионерски прва ги започнала а набрзо станаа наше секојдневие: долго ќе се памети првиот "Урбан фест", (како и социјалниот и политичкиот контекст во кој се одржа) чиј успех освен нашите медиуми, го поздравија и пофалија и неколку странски реномирани музички списанија и телевизии; постарите слушатели знаат дека "Стотројка" беше првата радиостаница која организираше тематски (концептуални) музички забави по ноќните клубови, а прва почна со организирањето техно-забави; се паметат и одличните концерти ("Обојени програм", "Пластик венус" и др.) кои беа резултат на стотројкашките активности; не смее да се заборави и смитувањето на радиоекспериментите на Александар Станковски, проект кој сеуште ( за Македонија) претставува вистинска радиоавангарда... Своите први радиопромоции токму на "Стотројка" ги доживејаа најквалитетните македонски музичари: "Анастасија", "Архангел", Кирил, "Фолтин", "Кисмет", САФ, "Суперхикс"... Меѓу другите свои емисии на "Канал 103" своевремено водеа и Оливер Белопета, Горан Трајковски, Отец Методи Златанов, Срѓан Јаниќиевиќ, Горан Путица...

Најпрепознатливиот, најспецифичен и најпозитивен елемент на "концептот 103" за многумина се неконвенционалните и луцидни радиоџинглови кои оваа станица во еден период ги доведе до совршенство. На Канал 103 се разви и еден нов начин на водење на радиопрограмата: помалку празно зборување - повеќе релевантни информации; посериозен, но поприроден и полежерен однос кон слушателите.

Заради сите овие (и многу други) причини, оние од кои сависи опстанокот на "Стотројка" треба уште еднаш да размислат дали ова исклучително радио треба да постои. Навистина голем број граѓани имаат реална, силна потреба од она што Канал 103 го прави. Наместо да прави планови за нејзино укинување, МРТВ би можела да размисли како новите емисии, проекти и програми кои ги подготвува да се здобијат со толку потребната неконвенционалност, креативност и енергичност кои "Стотројка" отсекогаш ги поседувала во големи количества. Како вистински и одговорни професионалци, тие мора да увидат дека постоењето, развојот и напредокот на една ваква радиостаница, на подолг рок е токму во нивни интерес.

На "Стотројка" и треба ветер во едрата, а не укинување. Насушно и е потребна подршка од повисоките инстанци на МРТВ, и итна изработка на темелен и мудар развоен план, за да ги реши акутните проблеми со кои се соочува и да започне нова фаза од своето постоење. Она што е навистина потребно, е да се направи концепт за развој на Канал 103 и да се изнајдат и инвестираат пари, опрема, кадар, време... Тогаш МРТВ, на општо задоволство, навистина ќе профункционира како јавен, професионален и квалитетен сервис на сите граѓани на Република Македонија.

Вооружената каста во експанзија, ние - изгубени!

"Доба - постатомско; место - централни балкани; популација - микс маусдонци; степен на цивилизациско ново - ноне; вибрација - негативна; репресија - позитивна; оптор - минимален; графити - кутри; спирит - мортал; текно анаркизам - ин утеро; опен миндед - речиси 3 посто; смарт дринкс - непознат термин; хероин - убиствено доминантен; техно урбаното племе - десеткувано и во длабока илегала; вооружената каста - во експанзија; олигархијата - сигурна; ние - изгубени!
Овиј по малку апокалиптичен, но дефинитивно визионерски 103 џингл е само еден од повеЌето своевидни мали уметнички дела, "ментални бисери" преку кои во облик на радиоџинглови се емитуваа најразлични субверзивни и прогресивни мисли, идеи, пораки. Токму ваквите провокативни и луцидни радиочестички долго беа заштитен знак на радиостаницата и доминантна форма на изразување на дел од екипата на Канал 103. Фасцинантно е што, освен статусот на техно урбаното племе (кое стана популарно и донекаде се етаблираше), сите останати состојби, согледби, оценки и констатации дадени во овој кафкијански мини манифест снимен пред речиси десет години целосно и недвосмислено важат и сега!!!


Related Stations:


Comment:


Listen online Kanal 103

Windows Media Player

Install WMP


Station not playing? Try to open ASX file on your computer - listen.asx

Winamp Media Player

Install Winamp


Station not playing? Try to open M3U file on your computer - listen.m3u

open player in new window

Favorites