Радио Ohrid (Охрид)

[

Слушать прямую трансляцию онлайн

]

Во 1957 година на иницијатива на тогашното Собрание на општина Охрид се "роди " Радио Охрид. За роденден на нашата информативна куќа се смета 7 ноември. Во етерот од тоа време се до денеска, секој почеток на програмата е со авизото: "Билјана платно белеше". Радио Охрид е основоположник на новинарството во градов и урнек по кој многу подоцна се формираа нови електронски медиуми во градов и регионот. Како и секоја друга институција, така и нашата во својот полувековен од бележи подеми и падови. Благодарение на преголемиот ентузијазам и љубов на в... Узнать больше

Ohrid FM|89.0
+38946265505
ул. Св. Климент Охридски бр.2 6000 Охрид
Просмотры:
2
Опубликовать без регистрации:
Во 1957 година на иницијатива на тогашното Собрание на општина Охрид се "роди " Радио Охрид.

За роденден на нашата информативна куќа се смета 7 ноември. Во етерот од тоа време се до денеска, секој почеток на програмата е со авизото: "Билјана платно белеше".

Радио Охрид е основоположник на новинарството во градов и урнек по кој многу подоцна се формираа нови електронски медиуми во градов и регионот.

Како и секоја друга институција, така и нашата во својот полувековен од бележи подеми и падови.

Благодарение на преголемиот ентузијазам и љубов на вработените кон куќата и професијата Радио Охрид опстана и по трансформациските потреси.

Во годините наназад се нижеа награди и признанија за емисии и проекти кои реално го отсликуваа животот и секојдневието на охриѓани и на безбројните вљубеници во него.Од традиционалните Денови на македонското радио , секоја година Радио Охрид се враќаше со куп награди.

Во нашата колекција се и најголемите општински признанија Седмоноемвриската награда и Осмодекемвриската повелба "Свети Климент Охридски - Патронот на Охрид."

Со Законот за радиодифузија и Одлука на Советот за радиодифузија радиото беше дадено на продажба преку министерството за економија .

Од декември 2007 година сопственик на 55 проценти од капиталот е компанијата АМАК СП - Охрид.

И покрај неопходната нагласеност на маркетингот , редакцијата се труди информативната програма да биде стожер на 24 - часовната програма.

Ние сме биле и ќе бидеме на линијата на објективноста и професионалноста.

Радио Охрид - ден и ноќ со Вас !
© LogFM.com, 2009-2024 (2024-11-22,10:53:59)
Радио отдых