Radio Grom

[

Listen Live

]

Речникот на симболите укажува на присуството на громот и неговиот симболизам кај сите народи на светот, во сите познати и помалку познати митологии. Најчесто ги афирмира творечкиот принцип, силата, енергијата, неповторливоста, раѓањето и уништувањето. Громот раѓа и наедно уништува. Во него е содржан принципот на плодноста: тој е оган што оплодува. Во сите митологии местото во кое Бог ќе удри со гром е свето, а човекот што ќе го погоди гром се смета за посветен. Во словенската митологија на громот му се придава посебно значење: моќ и зависност... See more

Skopje FM|90.3
+38975384763
Речникот на симболите укажува на присуството на громот и неговиот симболизам кај сите народи на светот, во сите познати и помалку познати митологии. Најчесто ги афирмира творечкиот принцип, силата, енергијата, неповторливоста, раѓањето и уништувањето. Громот раѓа и наедно уништува. Во него е содржан принципот на плодноста: тој е оган што оплодува.

Во сите митологии местото во кое Бог ќе удри со гром е свето, а човекот што ќе го погоди гром се смета за посветен.



Во словенската митологија на громот му се придава посебно значење: моќ и зависност од него; како оплодувач и уништувач, како создавач на светот. Врховното божество кај старите Словени-Свети Илија Громовникот (силата на Зборот, Мудроста, Преобразбата) е трансформација на најстартото врховно божество Перун.
© LogFM.com, 2009-2024 (2024-03-26,07:41:34)