Language:
Listen radio online



Super (Радио Супер)


Super (Радио Супер)
Rating :5.00
 


Last updated:
2012-06-16 21:39:19
Country: MacedoniaListen to radio stations broadcasting from Macedonia
City: Ohrid
Address: ul. Makedonski prosvetiteli b.b. Ohrid 6000
FM (MHz): 97.0
Genre: Electronic-Dance
Phone: +38946260078
Language of broadcast: Macedonian
E-mail: superradio@superradio.com.mk
Website:  www.superradio.com.mk
Description: Супер радио ја започна својата приказна во далечната 1992 година веднаш по осамостојувањето на Република Македонија. Успеавме успешно да ги прележиме сите детски медиумски болести со кои се сретнуваа сите медиуми кои ја започнаа својата приказна некаде на почетокот на 90-тите години. Со огромното искуство стекнато низ годините, константното техничко и кадровско усовршување и унапредување успеа да се избори, да ја заслужи и да ја задржи Вашата доверба и да прерасне во еден респектабилен медиум кој секојдневно се обидува да ја претстави реалната слика за случувањата во Охрид до своите слушатели. Супер радио низ годините растеше во техничка и кадровска смисла. Во моментов програмата ја емитува преку најсовремена предавателна техника на фреквенција од 97.00 Mhz на FM скалата од предавателниот пункт на "Гореничка Чука", од која зрачат и делови од програмата на МРТВ како и на ТВ "Сител", "А1", ТВ “Морис“, ТВ “Алсат-М“, “НТВ“, “Телма“ и “Канал 5“ како и Радио "Канал 77" и “Метрополис“ Радио. Од тој пункт програмата се следи со одличен квалитет на целата територија на општина Охрид, новоконституираните општини Мешеишта, Белчишта и Косел, односно општина Струга и сите новоконституирани општини во Струшко како и делови од Кичево, Ресен и Дебар. Потенцијална публика се движи во рамките од околу 300.000 слушатели. Програмата на Супер радио веќе полни 7 години се следи во живо и на интернет на адресата www.superradio.com.mk со што уште повеќе се зголемува кругот на нашите слушатели. Интернетот е она на што посветуваме особено внимание затоа што токму преку него успеваме да се обратиме пред огромен аудиториум и да го пренесеме добриот глас за Охрид и Супер радио насекаде низ светот. Првата веб страна на Супер радио е поставена на Интернет мрежата на 25.08.2001 година. Ова е третиот дизајн на веб страната на Супер радио и поставен е на 05.02.2009 година. Слушателите од целиот свет можат да уживаат во програмата на Супер радио во живо на Интернет од далечната 2002 година. Тогаш на 10 август во 10.30 минути наутро, првата песна која беше емитувана преку големата мрежа беше тогаш големиот хит за Mousse T - Fire. Супер радио во моментов испорачува програма која ја создава врвна екипа од преку дваесет презентери, Дј-и, новинари, спикери и надворешни соработници кои остваруваат 24 часовна програма која е прилагодена кон идеалната публика и се остварува на најсовремена дигитална опрема што резултира со одличен и лесно препознатлив сигнал кој допира до слушателите. Нашите интерни анкети зборуваат за одличен одзив на нашата публика кон она што го слушаат на СВОЈАТА Радио Станица. Нивните забелешки се секогаш прифатени и применети во креирање на уште поприфатлива програма. Главното ON AIR студио на Супер Радио се наоѓа во центарот на градот во сопствени простории од 30 метри квадратни каде се остварува комплетната програма. Големо внимание посветуваме и на информативниот дел од нашата програма. До слушателите испорачуваме кратки локални вести во 07.00, 10.00, 12.00, 14.00 и 15.15 како и централниот информативен блок во 16 часот и 16 минути. Вестите се 100 % од локален карактер и ги третираат само проблемите што ја засегаат заедницата. Информативната програма зрачи со сопствен и препознатлив стил на вестите кои се лесни за примање со што не се одделуваат до општиот впечаток за една модерна и динамична Радио Станица. Она што можеме да го ветиме за во иднина на само чекор од "полнолетноста" е секако дека ќе се трудиме како впрочем и досега, да ги следиме сите новитети од технички, кадровски и организационен аспект. Опремата на која се создава програмата е врвна, условите за работа - одлични. Но сепак опремата, условите или било што од материјален аспект не е она што Супер радио е навистина. Радиото успеа да го изгради својот препознатлив идентитет преку трудот и визијата на оние стотина млади луѓе кои изминативе години напишаа по некоја страница од нашата приказна. Супер радио се сите Тие, а особено овие 20-тина млади луѓе кои се сега во радиото и секојдневно создаваат динамична и атрактивна 24 часовна програма. Тие се она вистинското Супер радио и Нив како менаџерски тим им ја оддаваме комплетната заслуга. Годините поминуваат, се менуват многу работи но сепак..... Она што за нас ќе остане засекогаш е споменот на двајцата млади наши колеги и пријатели Дџ Пантер и Дџ Бруце кои за жал повеќе не се со Нас. Нашите планови се навистина ГОЛЕМИ и се надеваме дека во блиска иднина ќе можеме да понудиме уште една вистински потребна и голема свежина во охридскиот Етер.


Related Stations:


Comment:


Listen online Super (Радио Супер)

Windows Media Player

Install WMP


Station not playing? Try to open ASX file on your computer - listen.asx

Winamp Media Player

Install Winamp


Station not playing? Try to open M3U file on your computer - listen.m3u

open player in new window

Favorites