Radio Folk

[

Listen Live

]

Фолк радио започна со работа на 31.12.1993 и е едно од првите приватни радија во Скопје. Зрачиме на фрекфенција 106,5 MHZ FM стерео. Студиото се наоѓа во Козле и е меѓу најголемите и најубавите студија во Македонија. На 200 м2 сопствен деловен и наменски простор се реализира магијата наречена Фолк Радио. Антенскиот систем се наоѓа на средно Водно со што се овозможува квалитетен прием во целокупното Скопско подрачје и многу пошироко. Како Говорно музичко радио емитуваме музика од разни жанрови : Рафиниран урбан фолк Македонска изворна и ново к... See more

Skopje FM|106.5
+389023083355
Ул – Козле 12/1Скопје, Македонија
Фолк радио започна со работа на 31.12.1993 и е едно од првите приватни радија во Скопје.

Зрачиме на фрекфенција 106,5 MHZ FM стерео. Студиото се наоѓа во Козле и е меѓу најголемите и најубавите студија во Македонија. На 200 м2 сопствен деловен и наменски простор се реализира магијата наречена Фолк Радио.

Антенскиот систем се наоѓа на средно Водно со што се овозможува квалитетен прием во целокупното Скопско подрачје и многу пошироко.

Како Говорно музичко радио емитуваме музика од разни жанрови :

Рафиниран урбан фолк

Македонска изворна и ново компонирана музика и

Поп музика

По стилот и изборот на музиката Фолк радио е единствено во Скопскиот етер.

Ние сме првото радио во Македонија кое имаше храброст да пушта Фолк музика од бившите ју простори и успешно го разбиваше стереотипното сфаќање за новата фолк музика, која ние ја нарекуваме “урбан фолк” музика.

Фолк Радио работи со професионална екипа. Рекламните спотови се снимаат со познати гласови на тв и радио лица како и актери .Бројот и точно определениот термин на рекламите секогаш е императив. Во програмата на Фолк радио со успех се рекламираат голем број фирми кои своите реклами ги продолжуваат по своја желба.

Според последните анкети направени за слушаноста на радиостаниците, Фолк Радио котира многу високо. Со еден збор Фолк Радио го менува вашето расположение – кон подобро.
© LogFM.com, 2009-2024 (2024-04-04,22:57:32)